Потреба од добар сон
Количината на сон што ни треба во текот на ноќта најмногу се одредува според нашата возраст, но на потребата за спиење влијаат и целокупното здравје, животните навики и одредени нарушувања...

Количината на сон што ни треба во текот на ноќта најмногу се одредува според нашата возраст, но на потребата за спиење влијаат и целокупното здравје, животните навики и одредени нарушувања.
Различни нарушувања и здравствени состојби можат да предизвикаат зголемена потреба за спиење.
Хроничниот замор е еден од најчестите симптоми на депресивно растројство, а антидепресивите може да предизвикаат и екстремна поспаност.
Некои лекови можат да предизвикаат постојана поспаност што ја зголемува потребата за спиење ноќе, додека други може да го отежнат опуштањето и спиењето ноќе и со тоа да го нарушат природниот деноноќен ритам.
Постојан замор исто така може да биде знак на срцеви заболувања. Неможноста на срцето ефикасно да пумпа крв може да доведе до слаба циркулација, намалување на нивото на енергија и хроничен замор.
Според главните институции кои се занимаваат со спиењето како здравствен фактор, лицата помеѓу 18 и 60 години имаат потреба од најмалку 7 часа сон во текот на ноќта, за оптимално функционирање на организмот.
Факторот спиење често се потценува, но тој не е причина само за замор во текот на денот, туку ако не спиеме доволно го зголемуваме ризикот од разни заболувања како дебелина, висок крвен притисок, депресија, различни кардиоваскуларни заболувања
