Советот за безбедност на ОН го продолжи мандатот на мировните сили во БиХ
Во документот не се споменува ни Канцеларијата на високиот претставник ни Кристијан Шмит, кој претходно оцени дека оваа балканска нација се соочува со „егзистенцијална опасност“ поради сепаратистите во редовите на босанските Срби.

Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција за продолжување на мандатот на ЕУФОР на уште една година. Во документот не се споменува ни Канцеларијата на високиот претставник ни Кристијан Шмит, кој претходно оцени дека оваа балканска нација се соочува со „егзистенцијална опасност“ поради сепаратистите во редовите на босанските Срби.
Според него, а и САД, плановите на нивниот лидер Милорад Додик за повлекување на српските трупи од босанската армија и создавање посебна српска сила ќе бидат дестабилизирачки фактор за федерацијата.
Русија смета дека ОХР го поткопува Дејтонскиот договор и го поддржуваше барањето на Република Српска за нејзино затворање. ОХР беше формирана како дел од мировниот договор од 1995 година за да се обезбеди усогласеност со цивилните аспекти на спогодбите. Хрватска бара нови изборни закони.
