Преговорите за нуклеарниот пакт продолжуваат на 29-ти ноември во Виена

04.11.2021 12:08

Обидите за реактивирање на Пактот од 2015 година се во застој откако новата влада ја презеде власта во Техеран во јули. Иран бара поинаков пристап од западните земји.

Иранското МНР соопшти дека преговорите за нуклеарниот пакт ќе продолжат во Виена на 29-ти ноември. Заменикот на шефот на дипломатијата Ал Багери потврди дека имал телефонски разговор со преговорачот од ЕУ, Енрике Мора.

Обидите за реактивирање на Пактот од 2015 година се во застој откако новата влада ја презеде власта во Техеран во јули. Иран бара поинаков пристап од западните земји.

Конзервативната администрација на претседателот Ебрахим Раиси зазеде поостар став кон САД од кои очекува да ги укине санкциите.

Вашингтон не попушта и бара од Иран да запре со отстапките од обврските во Договорот кои почна да ги прави уште во 2019 година.