И Вардар и Металург во четвртфинале!!!
Не еден, тука два македонски клуба во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Вардар и Металург ќе бидат дел од елитната осумка на европскиот ракомет откако денеска победија на гостувањата кај реномираните противници во реваншите од осминафиналната фаза. Вардар триумфираше над Хамбург со 30-29 и по скопското реми со 28-28 го мина силниот бундеслигашки тим. Металург уште еднаш беше пресилен за Колдинг. На предноста од шест гола од Скопје, екипата од Автокоманда додаде уште четири во вкупната победа. Денеска беше 30-26 за Металург кој втора сезона по ред ќе биде четвртфиналист...

Црвено –црните одиграа машки на теренот на големиот фаворит Хамбург, се уште актуелниот европски шампион. Иако истрчаа без предност од првиот натпревар, во ниту еден момент не беа во подредена улога. Напротив, уште од самиот почеток водеа, а противникот првпат создаде разлика на средина на првото полувреме кога на семафорот стоеше 11-10. Сепак, вардарци брзо вратија и на полувремето беше 17-15 за македонскиот состав. Во вториот дел бравурозен настап имаше голманот Петар Ангелов кој во вториот дел во период од осум минути не прими гол. Во драматичниот финиш Ангелов одбрани пенал на Кањелас, а потоа Душебаев погоди за недостижни 30-28... Карачиќ постигна осум, а Филип Лазаров и Душебаев дадоа по шест гола за вардар.
Металург со манир на екипа со долга историја во Лигата на шампионите, со две победи го елиминираше Колдинг. Откако оствари предност од шест гола пред своја публика, металурзите одиграа триумфално и во Данска со 30-26. Повторно блесна Вугринец. По 13-те гола во Скопје, десниот бек на нашиот тим повторно беше двоцифрен, а ги даде првите пет погодока на средбата. На ниво беа и Атман и Станиќ што значи дека функционираа сите елементи во играта на составот на Лино Червар. Металург имаше 75 проценти реализација во првото, а 71 во второто полувреме. Одбраната беше вистински бедем пред голот на Станиќ кој забележа 13 интервенции. Во таква ситуација Металург постојано имаше контрола на резултатот. На пауза замина со водство од 15-13, а највисоката предност од пет гола ја оствари во продолжението 27-22. Иако претходно салата на Колдинг ја освои само Кил, Данците едноставно денеска немаа шанса. Покрај десетте гола на Вугринец, торпедираше и атман со девет, а Манасков трипати се запиша во листата на стрелците.