ВМРО-ДПМНЕ: Уредбата за прогласување на енергетската криза е потврда и криење на колапсот на ЕЛЕМ и МЕПСО
Од партијата прашуваат, според кои критериуми владата на СДСМ и ДУИ ќе прогласи кризна состојба и зошто домашните компании, ЕСМ и МЕПСО се доведени во колапс.

Поради штетните владини политики, долго време се укажуваше дека Република Македонија е на прагот на електроенергетска кризна состојба, но актуелната власт сето ова го прикриваше со единствена цел да не си го загрози и онака нарушениот рејтинг во изборниот процес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат, според кои критериуми владата на СДСМ и ДУИ ќе прогласи кризна состојба и зошто домашните компании, ЕСМ и МЕПСО се доведени во колапс.
Поради несериозниот пристап, се поочигледно е дека во наредниов период ќе се соочуваме со рестрикции и со повторно поскапување на електричната енергија, која и онака две години наназад поскапуваше, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
