Енергетика

Денеска ќе се знае кој ќе биде снабдувачот на јаглен за РЕК Битола

04.11.2021 13:07

Од вторник ќе биде прогласена енергетска кризна состојба, но без рестрикции, најавија од ресорот економија. Денеска и утре во комисијата ќе се анализира состојбата, а одлуката се очекува да биде потврдена на владината седница.

Денеска ќе се знае кој ќе биде снабдувачот на јаглен за РЕК Битола. На повторениот повик се јавија девет компании за набавка на 900 илјади тони јаглен за дополнително производство на струја. Од ЕСМ информираа дека понудите ги исполнуваат бараните количества. Од понеделник почнува процесот за набавка на 300 илјади тони јаглен за ТЕЦ Осломеј. 

Од вторник ќе биде прогласена енергетска кризна состојба, но без рестрикции, најавија од ресорот економија. Денеска и утре во комисијата ќе се анализира состојбата, а одлуката се очекува да биде потврдена на владината седница.

Министерот за економија Бектеши вели дека се следи состојбата и засега кризата е под контрола. Се предвидува владата да трансферира буџетски средства за енергетските компании. Моментално има околу 100 милиони евра, буџетски пари кои не се искористени од ковид програмата.