Општинските јавни претпријатија неефикасни во управувањето со отпадот
Општинските јавни претпријатија се неефикасни во управувањето со отпадот – оценка на Антикорупциската комисија. Велат дека заштитата и унапредувањето на животната средина со години е запишана во програмите на политичките партии и на извршната власт, но има пречки во реализацијата. Се прават обиди да се сузбие корупцијатаи во овој сектор...

Заштитата и унапредувањето на животната средина со години наоѓа простор во програмите на политичките партии и на извршната власт, но сепак постои пречка во реализацијата на зацртаните планови и ветувањата за чист воздух и незагадена почва и води. Од Антикорупциската комисија укажуваат на секторот животна средина како приоритетен за борба против корупцијата, а општинските јавни претпријатија ги оценија како неефикасни во управувањето со отпадот.
Подложноста и можностите за појава на финансиска корупција во овој сектор е појава што се случува секаде во светот, но за нас е предизвик да се сведе на минимум, вели Министерот за животна средина нуредини.
Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека најголемиот предизвик со кој се соочени се затворањето на 53 нестандардни депонии и ремедијација на шеснаесетте жешки точки со опасен индустриски отпад. Но, велат, немаат доволно пари во буџетот.
Имаме строго определена територија на која дејствуваме во насока на одржување на јавната хигиена, велат од јавното претрпријатие Комунална хигиена. Се пофалија дека одржуваат над шест милиони квадратни метри во централното градско подрачје, а се оградија за одговорноста за јавните површини во општините, за кои најчесто во нив е вперен прстот.
Александра Спировска
