Од 1.323 тестирани, само шест ученици позитивни на Ковид-19
При детектирање на позитивен ученик, се постапува согласно донесениот алгоритам за училиштата. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре. По обработката на податоците Министерството ќе ја објави целосната анлиза, и ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот меѓу учениците во училиштата.

Само шест ученици позитивни на Ковид- 19 од 1.323 тестирани ученици во средните и основните училишта. Ова е првиот пресек oд скринингот, информираат од Министерството за здравство. Тестирани 725 основци од 1 до 9 одделение, а 598 средношколци од Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид.
При детектирање на позитивен ученик, се постапува согласно донесениот алгоритам за училиштата. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре. По обработката на податоците Министерството ќе ја објави целосната анлиза, и ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот меѓу учениците во училиштата.
Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта. Во моментов во земјава 885 деца на возраст од 0-17 години, се активни, а 15 се позитивни на Ковид- 19.
На Институтот за белодробни заболувања Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9 до 16 години. Еден пациент е на кислород, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно не било вакцинирано.
Според податоците од националниот систем Мој термин, досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12 до 17 години примиле една доза вакцина за Ковид- 19, а ревакцинирани се 4.860 малолетници.
