Работодавачите се против повисока минимална плата
Работодавачите во земјава се против зголемување на минималната плата, а новиот Закон за работни односи да има прецизни одредби и да не се брза со усогласувањата со европските одредби. Енергетската криза ќе се одрази на стопанството, но се очекуваат мерки за пресретнување на последиците. Организацијата на работодавачи на Македонија беше на средба со стопанствениците од Прилепскиот регион...

Во пандемија и при намалена продуктивност на компаниите, не треба да се зголемува минималната плата која треба да остане на ова ниво, сметаат работодавачите во земјава. Организацијата на работодавачите по средбата со компаниите од Прилепскиот регион го потврдува ставот дека лицитирањето за минималната плата ќе влијае образовниот кадар да замине во странство.
Економската криза ќе се одрази на работењето на компаниите, а надежта е во владините мерка да се пресретнат последиците. Владата и институциите да помогнат во растоварувањето на стопанството и во поглед на акцизите.
Според работодавачите, потребни се прецизни одредби во новиот закон за работни односи и да не се брза со усогласувањето на одредбите со оние од ЕУ. Потребен е комрпомис на договорните страни- работодавец и работник.
Работодавачите се жалаат на непочитувања на отказните рокови и на лажни боледувања во време на пандемија.
Елизабета Митреска
