Македонија и Германија со по два клуба во четвртфиналето
Металург и Вардар го одбележаа последниот викенд од март, со врзани гостински победи во реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите. Победата на Металург над Колдинг од 30:26 за вкупни 53:43 и пласман во четвртфиналето, беше увертира во втората блескава победа на македонските клубови над фаворизираните ривали. Во многу понеизвесен натпревар, Вардар го совлада Хамбург со 30:29 и го елиминира актуелниот европски шампион, со што ја комплетира историската вечер на македонскиот клупски спорт.
Резултати од реванш осминафиналните натпревари:

Колдинг – Металург 26:30 (43:53)
Хамбург – Вардар 29:30 (57:58)
Кил –Мотор Запорожје 40:28 (70:56)
Барселона – Алборг 31:20 (60:42)
Веспрем – Висла Плок 31:26 (64:60)
ПСЖ – Горење Велење 34:25 (62:55)
Флензбург – Цеље Пивоварна 30:27 (55:53)
Утре: Рајн Некар Левен – Кјелце (28:32)
Листа на учесници во четвртфиналето:
Македонија 2 (ВАРДАР, Металург)
Германија 2 (Кил, Флензбург)
Шпанија 1 (Барселона)
Унгарија 1 (Веспрем)
Франција 1 (ПСЖ)