Нови пратеници во Собранието на местото на избраните градоначалници
Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори...

Законодавниот дом денеска треба да верификува мандати на шест нови пратеници, откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори.
Костадин Костадинов од СДСМ, сега е градоначалник на Струмица. На негово место доаѓа Љубица Спасова. Тимчо Муцунски е нов градоначалник на Општина Аеродром. На негово место од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа Тони Јаревски. Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Општина Бутел, а во собраниските купи ќе го замени Зоран Коцевски.Иван Јорданов е нов градоначалник на Штип, и на неговото место во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа Драган Ковачки.
Во вториот круг од локалните избори градоначалници станаа и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и Биљал Касами од Беса во Тетово.
На дневниот ред на 51-та седница има вкупно 14 точки.
