Македонија

Маркетите им ја земаа работата на пазарите

05.11.2021 09:37

Маркетите им го земаат бизнисот на зелените пазари. Последните анкети на земјоделскиот пазарен информатор кој ги следи цените и работата на пазарите, покажува дека младите повеќе купуваат во маркетите. Причината е во работното време на потрошувачите кои иако некогаш може да платат и поскапо, избираат пазарувањето да го направат и подоцна во текот на денот, да купуваат сѐ на едно место и во најблиската продавница...

Продавачите на зелените пазари се жалат дека секоја година прометот им се намалува. Ова се должи на сѐ поголемата понуда на овошје и зеленчук во трговските маркети кои полека го преземаат бизнисот на продажбата на земјоделските производи.

Помладите потрошувачи најчесто купуваат во маркетите, додека постарите и натаму повеќе сакаат да одат на пазарите.

Причина за намалениот промет на тезгите, според пазарџиите е што вработените понекогаш немаат доволно време да одат подалеку, маркетите работат подолго и се може да купи на едно место, а не само овошје и зеленчук.

Во анкетата, половината или 51 проценти од потрошувачите се изјасниле дека подеднакво се снабдуваат со земјоделски производи, и од маркетите и на пазарите. Овој бројка предпретходните години беше поинаква. Според податоците само 15 проценти изјавиле дека купуваат само во маркетите, а 34 дека повеќе ги сакаат пазарите бидејќи зеленчукот и овошјето се поевтини и по квалитетни.

Инаку во последниве години сѐ поголем дел од потрошувачите се изјаснуваат дека се попретпазливи и ги менуваат навиките да внимаваат во однос на купувањето на безбедни производи и во маркетите и на пазарите.

 

Методија Трајков