Одбрана

Aлбанскиот министер за одбрана Пелеши во официјална посета на земјава

05.11.2021 09:42

Министрите Шекеринска и Пелеши во Министерството ќе разговараат за унапредување на билатералната одбранбена соработка, улогата на двете земји – членки на Алијансата во зацврстувањето на регионалната стабилност и безбедност

Северна Македонија и Албанија имаат одлични билатерални одбранбени односи, соработуваат на регионално ниво, и се сојузници во рамки на НАТО – Алијансата. Во тој дух, на покана на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во официјална посета на Северна Македонија престојува албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Министрите Шекеринска и Пелеши во Министерството ќе разговараат за унапредување на билатералната одбранбена соработка, улогата на двете земји – членки на Алијансата во зацврстувањето на регионалната стабилност и безбедност како и унапредувањето на колективната одбрана во рамките на Алијансата.