Пандемија

Ширењето на Ковид-19 во Европа - предупредување за светот

05.11.2021 09:50

Речиси 1,8 милиони нови инфекции се регистрирани во Европа во минатата недела, што е зголемување за шест проценти и 24.000 смртни случаи, што е зголемување за 12 проценти.

Европа регистрира пораст од 55 насто на случаи на Ковид-19 во последните четири недели, и покрај достапноста на вакцините. Според Светската здравствена организација тоа треба да послужи како предупредување за другите региони.

Речиси 1,8 милиони нови инфекции се регистрирани во Европа во минатата недела, што е зголемување за шест проценти и 24.000 смртни случаи, што е зголемување за 12 проценти.

Петта последователна недела расте бројот на нови заразени во Европа, единствениот регион во светот кој бележи пораст на бројот на нови инфекции.