Македонија
Претседателот на Европскиот суд за човекови права во посета на земјава
05.11.2021 09:56
Судијата Спано ќе учствува на регионалната конференција од висок профил на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права, Робер Спано е во посета на земјава. Ќе земе учество на регионалната конференција од висок профил на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“.
За време на неколкудневниот престој, судијата Спано ќе оствари средби со министерот за правда Бојан Маричиќ кој е негов домаќин, дел од државниот врв и со првите луѓе на правосудството.
