Свет

69 загинати во вооружен напад во Нигер

05.11.2021 10:30

Во областа доминираат милитанти поврзани со локалниот огранок на Исламската држава. Преживеале 15 луѓе, а досега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Вооружени напаѓачи убиле 69 луѓе во југозападен Нигер. Меѓу убиените е и локален градоначалник. Делегацијата била нападната од заседа во вторникот на околу 50 километри од градот во близина на границата со Мали.

Во областа доминираат милитанти поврзани со локалниот огранок на Исламската држава. Преживеале 15 луѓе, а досега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Во тек е потрага по сторителите.