На крајот осми!
МЗТ Скопје Аеродром не успеа сам да го запечати шестото место во Јадранската лига и со тоа да обезбеди настап во Еврокупот. Поразот од Раднички на домашен паркет во арената „Борис Трајковски“ го стави македонскиот првак во подредена позиција. Кога ја пропушти шансата со победа да ја заврши работата, „сините“ чекаа и не дочекаа за нив да решаваат други. Игокеа победи против широки со 69-60 и со биланс 13-13 е на посакуваното шесто место. Македонскиот првак има негативно остварување – 12 триумфи и 14 порази и на крајот на АБА лигата го зазеде осмото место на табелата.

МЗТ Скопје Аеродром не успеа сам да го запечати шестото место во Јадранската лига и со тоа да обезбеди настап во Еврокупот. Поразот од Раднички на домашен паркет во арената „Борис Трајковски“ го стави македонскиот првак во подредена позиција. Кога ја пропушти шансата со победа да ја заврши работата, „сините“ чекаа и не дочекаа за нив да решаваат други. Игокеа победи против широки со 69-60 и со биланс 13-13 е на посакуваното шесто место. Македонскиот првак има негативно остварување – 12 триумфи и 14 порази и на крајот на АБА лигата го зазеде осмото место на табелата. Исто остварување има и Крка, но словенечкиот претставник е со подобар меѓусебен дуел.
Црвена Звезда ја совлада Цибона со 76-67, па без оглед како утре ќе одиграат Партизан и Цедевита, полуфинаните двојки веќе се познати и соодветствуваат на дуелите на најдобрите четири екипи во завршната рунда од основниот дел од сезоната. Црвена Звезда ќе игра со Цибона, а Партизан со Цедевита.
