Ријад
Саудиска Aрабија ќе купи 280 ракети воздух-воздух од САД
05.11.2021 11:57
Американската влада ќе и продаде на Саудиска Арабија 280 ракети воздух-воздух со среден дострел за 650 милиони долари и покрај напорите на претседателот Бајден за дипломатско решавање на судирот во Јемен.

Саудиска Арабија ги поддржува владините сили во Јемен во борбата против Хутите, кои имаат поддршка од Иран.
Односите со Саудиска Арабија се значително заладени по доаѓањето на Џо Бајден во Белата куќа, кој вети дека саудиските лидери „ќе платат“ за убиството на новинарот Џамал Кашоги.