Македонија

Одложено судењето на Јакимовски

05.11.2021 12:00

На Јакимовски му се суди за злоупотреба на својата положба како градоначалник во претходниот мандат...

Одложено е судењето против новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски бидејќи неговиот адвокат бил во контакт со заразени од Ковид-19.

На Јакимовски му се суди за злоупотреба на својата положба како градоначалник во претходниот мандат со легализација на бесправно изградени објекти, продажба на државно земјиште за пониска цена од пазарната со што е направена штета на буџетот на Општина Карпош околу 238 илјади евра и на државниот буџет од половина милион евра.