И покрај ригорозните мерки, цвета бизнисот со криумчарење мигранти
Колку живее бизнисот со криумчарење мигранти? И покрај големиот број полициски и армиски припадници долж граничната линија со јужниот сосед, криумчарите ризикуваат да стигнат до лесни пари, некои од една тура заработуваат и до 20 илјади евра...

И покрај ригорозните мерки кои се преземаат од надлежните служби на граничните линии, еден од најцрните бизниси и понатаму цвета. Криумчарите на мигрантите од Блискиот Исток, уверени дека лесно ќе стигнат до брзи пари. Така велат и бројките на МВР. Имено од почетокот на годинава, откриени се 35 случаи на криумчарење мигранти, во кои се спречени и откриени 420 илегални мигранти најмногу од Пакистан, Авганистан, Бангладеш, Еритреја, Куба, Сирија, притоа против 44 сторители поднесени се кривични пријави за 27 сторени кривични дела „криумчарење“.
Покрај полициските службеници, како од земјава, така и 127-те странски на граничната линија, се рамо до рамо и припадниците на АРМ. Од таму информираат дека нелегалните движења се со раличен интензитет, но секогаш взаемната поддршка со МВР придонесува навремена реакција во обидите на криумчарите.
Последниот случај на криумчарење е само пред некој ден кога на кај клучката „Миравци“ каде две лица од 21 и 24 години од Богданци, биле затекнати како во нивното БМР имале сместено дури 13 мигранти од Сирија.Цените за кои криумчарите го вршат превозот на македонската територија се од 60 до 1.500 евра по лице.
За разлика од земјава која стоеше исправена неколку години пред напливот на бегалската криза соседна Бугарија иако членка на ЕУ, никогаш не прифати поголем број баратели на азил и повеќето од нив ја напуштаат земјата пред и да добијат статус бегалци. Во август, парламентот одлучи да испрати меѓу 400 и 700 војници на границите на Бугарија со Турција и Грција за да помогнат, меѓудругото, во поставувањето огради.
Стојне Митева
