Сцена

„Птица со глава меѓу нозе“- нова премиера на Драмски театар

05.11.2021 12:53

Нова премиера во Драмскиот театар во Скопје. Автор и режисер е Коле Ангеловски. Новиот текст не е класична комедија туку ја отсликува нашата реалност, пандемијата, социјалата, политиката, од еден позитивен и комичен агол, вели Ангеловски.

За претставата, авторот и режисер коле ангеловски  ќе рече „чудна комедија со среќен крај“. Новата премиера на Драмски театар „Птица со глава меѓу нозе“ не е класична комедија, нема изневерени мажи и напуштени жени, нема бркотници и смешни карактери. Ова е приказна за она што ни се случува во Македонија, од пандемија, од социјала до политика. Приказни за тоа како било, а како е денес. За тоа како луѓето се однесуваат во чудни и сериозни состојби, сето тоа погледано од еден позитивен и комичен агол.

Во претставата играат повозрасните актери на Драмски, врвни мајстори во овој жанр, но режисерот Ангеловски им нуди шанса и на помладите.

Во претставата „Птица со глава меѓу нозе“ се Стефан Вујисиќ, Маја Вељковиќ Пановска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Марија Кондовска, Анастас Ташевски, Калина Наумовска и Благица Димитровска. Сценографијата е на Илина Ангеловска. Според актерите, Ангеловски е единствениот режисер кој што знае да режира претстава со век на траење. Премиерата е закажана за 10-ти ноември.

 

Александра Спировска