Вакциналните пунктови ќе работат и утре
Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат утре ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден.

Министерството за здравство инфомира дека сите вакцинални пунктови низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат утре ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден.
Последните податоци на Министерството за здравство покажуваат дека заклучно со 3-ти ноември вкупно се вакцинирани 807.528 граѓани, ревакцинирани се 778.482, а трета доза примиле 38.719 граѓани. Повеќе од половината или 54 отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 проценти, а со две дози опфатени се 46 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина.
