Енергетика

ЕСМ: Одлуката за набавка на јаглен за РЕК Битола до крајот на идната недела

05.11.2021 13:48

Понудите ги задоволуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен за третиот блок на РЕК Битола, со континуирана месечна и дневна испорака која е обврска на економскиот оператор, велат од компанијата.

Сите пристигнати понуди од јавната набавка на јаглен за РЕК Битола се испратени на техничка евалуација, информираат од ЕСМ. Во соопштението посочуваат дека по економско- финансиската евалуација на понудите, ќе биде донесена одлука за избор на економски оператор.

Одлуката се очекува да биде до крајот на идната недела. Понудите ги задоволуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен за третиот блок на РЕК Битола, со континуирана месечна и дневна испорака која е обврска на економскиот оператор, велат од компанијата.

Оттаму децидни дека редовното производството на електрична енергија за снабдување на домаќинствата се врши со сопствен ископ на јаглен од рудниците на РЕК Битола и со производство од другите производни капацитети.