Македонија

Земјите- членки на Советот на Европа се обврзани да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права

05.11.2021 14:01

Земјите членки на Советот на Европа се обврзани да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права – изјави претседателот на овој суд Роберт Спано во контекст на прашањето за неспроведувањето на 16-те пресуди за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство. Спано изјавата ја даде на стартот на регионалната конференција посветена на повратот на имот во согласност со европските стандарди. Вицепремиерот Николоски потсети дека земјава подготвува закон за потекло на имотот...

Спроведувањето на пресудите од Стразбур е во надлежност на Министерскиот совет, но општо начело е земјите да ги почитуваат, изјави претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано. Изјавата е за тужбите што ги поднесоа претставниците на македонската заедница од соседна Бугарија и добија пресуди во своја корист, но Софија ги нема спроведено. Станува збор за 16 пресуди за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство.

На конференцијата посветена на ефикасниот поврат на имот, вицепремиерот Николовски рече дека со новото законско решение, нема да има недопирливи.

Владата во септември го потпиша протоколот 16 од Конвенцијата за заштита на човековите права со кој се уредува можноста највисоките судови во земјава да побараат од судот во Стразбур мислење за содржината на меѓународниот документ. Судот во Стразбур во моментов постапува по 300 тужби против земјава.

Анита Димитријевска Велковска