Ракомет

Добро е, не е сериозно како што се чинеше

31.03.2014 00:15

“За среќа првичните прегледи покажуваат дека не станува збор за посериозна повреда, а тоа се очекува да биде потврдено утре, кога ќе се извршат комплетните снимања на коленото на вардаровиот пикер”-така стои во веста пласирана на интернет порталот на ракометниот клуб Вардар.

Некаде во 21-та минута кога се правеше разликата во Хамбург на 1/8 финалниот натпревар Хамбург-Вардар (29:30) во Лигата на Шампионите, пикерот на црвено-црните се здоби со повреда. При напад на Хамбург, на коленото на Стоилов во пад налета Дувњак, по што во грч Стоилов остана да лежи, за потоа на раце беше изнесен од теренот.

Ова е вест барем до утре смирува, не само поради настапите на Вардар во шампионската ¼ финална епизода, ами и за репрезентативните обрски кои следат.