Македонија

Инспекциски надзор во Општина Штип заради неупотребата на „Северна“

05.11.2021 15:48

Државниот инспекторат за локална самоуправа спроведе вонреден инспекциски надзор во Општина Штип, после давањето свечени изјави на советниците без употреба на уставното име. Дали советниците во општините Штип и Аеродром го прекршија законот, инспекторатот ќе се произнесе најдоцна до среда...

Анализирани се сите моменти од конститутивната седница на Советот на Општина Штип и во рок од три работни дена Инспекторатот за локална самоуправа ќе се произнесе за случајот. Одлуката ќе се темели врз уставот, но и статутот на општината.

Законот мора да се почитува и ќе бараме потпишување на нова свечена изјава е ставот на советниците од СДСМ, кои денес ја напуштија седницата на советот.

Ова е неодговорно однесување на советниците од СДСМ и не оди во прилог на граѓаните на Штип, сметаат од ВМРО- ДПМНЕ.

Од Левица сметаат дека измената на името во документите за внатрешна употреба треба да започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија во рок од пет години и дека референдумот за промена на државното име не ја одразува волјата на граѓаните.

Државниот инспекторат за локална самоуправа денес беше во инспекциски надзор и во Општина Аеродром.

 

Славица Величковска