Предупредувачки бојкот на тетовските средношколци
Предупредувачки бојкот на средношколците од гимназијата и економското средно училиште во Тетово кои следат настава на македонски јазик. Бараат почитување на протоколите во автобускиот превоз и поголема хигиена, како и дезинфекциони средства во училиштата каде опасноста од пренесување на заразата е голема. Неделава од Ковид- 19 почина 16 годишна средношколка од тетовско Сиричино...

Вирусот меѓу нас се шири многу брзо, една наша соученичка почина од Ковид-19, стравуваме и за нашето здравје, алармираат средношколците. Од Советот на родители при тетовската гимназија пак, побараа и онлајн настава во периодов што следи кога се очекува пикот на болеста. Доколку во текот на наредната недела не се прифати ниту едно наше барање, од петнаесетти ноември ќе настапиме со целосен бојкот.
Средношколците од Економското училиште, бараат и поголема хигиена во училиштата, поголем број на дезинфикциони средства, но сепак најважно е, додаваат, да се реши проблемот со превозот.
Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, накусо ни одговори дека не бил запознаен со новонастаната состојба со средношколците. Ги повика на средба, каде ќе се разговора за проблемот и ќе се изнајде соодветно решение.
Зоран Димовски
