Резерва на јаглен има само за наредните денови
Резерва на јаглен има само за наредните денови. Со прогласувањето кризна состојба наредната недела ќе им се помогне на компаниите кои работат со обезбедување на енергија во земјава да станат ликвидни…

Има 40.000 тони јаглен резерва доволна за наредните денови, РЕК Битола работи со двата блока, уверува министерот за економија Бектеши. Дневно се произведува од 3 до 5 илјади тони јаглен, а по потреба јаглен се носи и од Косово. Бектеши вели дека со прогласување на кризната состојба ќе се вбризгаат средства за компаниите станат ликвидни и ќе се бараат и други решенија. Во функција ќе биде ставен ТЕЦ Неготино. Ресорниот министер посочува дека првичната цел е задоволување на потребите на домаќинствата.
Од ЕСМ соопштуваат дека се спроведуваат постапките од јавната набавка на јаглен за РЕК Битола. Сите пристигнати понуди се испратени на техничко вреднување. Следува евалуација на понудите, по што идната недела ќе биде донесена одлука за избор на оператор.
„Јагленот од 900 илјади тони кој е предмет на оваа набавка е наменет само за дополнително производство, за потребите на фирмите и државните институции, за да се обезбеди електрична енергија по цена пониска од моменталните цени на берзите, од каде овие субјекти се снабдуваат. Набавката на јаглен за дополнително производство се спроведува преку отворена и транспарентна постапка“, велат од АД ЕСМ.
Од Владата велат дека буџетот е ликвиден во наредните два месеци ќе се направат проценките колку пари ќе им се доделат на државните компании.
Дијана Ценевска
