Истекува рокот за пријавување откуп на земјоделски производи
31.03.2014 08:53
Истекува рокот за доставување на податоци на откупот на фирмите кои тргуваат и преработуваат земјоделски производи. Казните за не исполнување на обврската се до 1.500 евра...

Откуп на земјоделски производи можат да вршат само правни лица регистрирани за трговија и преработка во министерството за земјоделство.
Најдоцна до 31 март треба да ги достават податоци за планираниот откуп годинава и за реализираниот лани.
30 дена пред почетокот, трговецот треба да го пријави местото за откуп со истакнати цени.
Продажбата е со писмен договор меѓу купувачот и земјоделецот.
Фирмата што купува мора да има сопствени објекти и опрема за преземање, сортирање, складирање и чување на земјоделските производи кои досега можеа да бидат позајмени или закупени.
Во министерството за земјоделство се регистрирани скоро 500-тини правни лица кои се занимаваат со ваквата дејност.
Методија Трајков
