Мицкоски: Имаме ново парламентарно мнозинство
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави дека има обезбедено ново парламентарно мнозинство...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави дека има обезбедено ново парламентарно мнозинство. Тој на неговиот Фејсбук профил објави фотографија од средбата со Арјанит Хоџа од Беса, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и Димитар Апасиев од Левица.
„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Ваквиот пресврт на политичката сцена се случува откако Беса одлучи да ја напушти власта, по одлуката на Државната изборна комисија да има прегласување во Желино по приговори поднесени од ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијанса на Албанците – Алтернатива и Левица би имале 61 пратеник во Собранието.
