Пелагонија годинава со помалку пченица
Во Пелагонија, нашата најголема житница, засеаните површини под пченица ќе бидат помали за над 20 проценти во однос на лани. Земјоделците, причините за ова ги лоцираат во ниската откупна цена, поскапувањето на репроматеријалите, доцнењето на исплатата на субвенциите и во климатските промени. Најголема закана по родот е, доколку се случи нов поизобилен влажен бран...

И покрај поволните временски услови што владеат последниов пеиод, влагата на некои парцели во Пелагонија сѐ уште присутна што придонесува со нерамномерна динамика во подготовката и сеидбата во најголемата житница. Очигледно е дека една од најголенмите земјоделски операции и понатаму ќе ја следат неизвесноси. Според сеидбениот план, есенските посеви ќе бидат застапени на околу 15.000 хектари, но сѐ помал е интересот за стратешката култура- пченицата.
Земјоделците велат, причините се јасни и водат кон нерентабилно работење.
Климатските промени и овојпат покажаа дека повеќе не важат правилата од минатото кога ќе започне и кога ќе финишира сеидбата. Оптималните рокови од поодамна започнаа да се пробиваат. Најлошото сценарио, велат земјоделците, е евентуален пообилен влажен бран.
Пелагониските земјоделци го користат максимално секој поволен момент, велат, времето ги гази, а и одамна не паметат во овој дел од годината пченката на многу места сѐ уште да не е пожнеана.
Стевче Митревски
