Здравство
Активни над осум илјади ковид- случаи во земјава
08.11.2021 09:05
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077. Оздравени се 190.806 пациенти, а починале 7.232 лица.

Расте бројот на новозаболени од Ковид-19 во државата. Вчера беа регистрирани нови 454 заразени, со што бројот на актвни случаи достигна 8.039.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077. Оздравени се 190.806 пациенти, а починале 7.232 лица.
Согласно последниот извештај на Министерството за здравство, најмногу новозаболени има во Скопје, потоа Битола, Прилеп, Куманово и Штип. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 236 оздравени пациенти, а починале 14 лица.
