Свет
Ирак: По обидот за атентат на премиерот, нова експлозија во Багдад
08.11.2021 09:09
Вчера беше извршен обид за атентат врз ирачкиот премиер, Кадими, откако неговата резиденција во „зелената зона“ беше нападната од вооружени дронови.

По обидот за атентат на премиерот на Ирак, нова силна експлозија го потресе Багдад- јавуваат тамошните медиуми. Инцидентот се случил во близина на престижната област Ел-Карада, дел од специјално заштитената „зелена зона“ со странски амбасади и владини агенции. Други детали сè уште не се соопштени.
Вчера беше извршен обид за атентат врз ирачкиот премиер, Кадими, откако неговата резиденција во „зелената зона“ беше нападната од вооружени дронови.
Шефот на ирачката влада не е повреден и е префрлен на безбедно.
