Ковид-19
САД: По 20 месеци отворени границите за вакцинирани
08.11.2021 09:32
Во земјата ќе можат да влезат сите странски државјани над 18 години кои ќе имаат доказ дека се целосно имунизирани со вакцини прифатени од СЗО.

По пауза од 20 месеци САД од денеска повторно ги отвора копнените и воздушните граници за странските патници кои се вакцинирани против Ковид-19.
Во земјата ќе можат да влезат сите странски државјани над 18 години кои ќе имаат доказ дека се целосно имунизирани со вакцини прифатени од СЗО.
Одлуката за ограничување која остро беше критикувана од американските граѓани, беше воведена од екс-претседателот Трамп, а подоцна продолжена од неговиот наследник Бајден.
