Глобалното затоплување закана за економиите
Дури и ако глобалниот пораст на температурата се ограничи на еден ипол целзиусов степен, што е во согласност со најамбициозната цел на Парискиот договор, овие земји ќе претрпат удар.

БДП на 65-те најранливи земји ќе се намали во просек за 20 проценти до 2050 година и за 64 насто до 2100, доколку светот се загрее за 2,9 целзиусови степени - се вели во извештајот објавен на климатскиот самит КОП-26 во Глазгов.
Дури и ако глобалниот пораст на температурата се ограничи на еден ипол целзиусов степен, што е во согласност со најамбициозната цел на Парискиот договор, овие земји ќе претрпат удар.
Наодите покажуваат дека на повеќе од една третина од земјите во светот итно им е потребна помош за градење отпорност за да можат нивните економии да ги издржат последиците од глобалното затоплување.
Осум од десетте најпогодени земји се во Африка и две во Јужна Америка. Сите 10 се соочуваат со штета врз БДП од повеќе од 70 проценти до 2100-та година при сегашната траекторија на климатската политика.
