Концерт

Врвната Јеол Еум Сон од Јужна Кореја во Филхармонија

08.11.2021 11:28

Концертот е насловен „Фрески“ според истоименото музичко дело на македонскиот композитор Благоја Ивановски кое ќе биде изведено на овој концерт, заедно со Концертот за пијано и оркестар бр.2 и „Танцот на смртта“ од Камиј Сен-Санс.

Овој четврток во 20 часот, со оркестарот на Филхармонија ќе настапи една од најдобрите млади пијанистки на светската музичка сцена – Јеол Еум Сон од Јужна Кореја.

Концертот е насловен „Фрески“ според истоименото музичко дело на македонскиот композитор Благоја Ивановски кое ќе биде изведено на овој концерт, заедно со Концертот за пијано и оркестар бр.2 и „Танцот на смртта“ од Камиј Сен-Санс.

Светската критика ја оценува јужнокорејската пијанистка Јеол Еум Сон како врвен изведувач со грациозна и безвременска интерпретација, кристален и разнобоен тон и возбудливи изведувачки перформанси. Важи за брилијантен вирутоз и за пијанистка која прави соврешен баланс меѓу енергијата и гравитацијата со својата изведба.