Претседателските кандидати на митинзи и средби со граѓаните
31.03.2014 09:05
Кандидатите за претседател на Република Македонија и партиите што ги поддржуваат денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места...

Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ , ќе одржи митинзи во Валандово и Струмица, како и помали митинзи во Босилово, Василево и Ново Село.
СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски, ќе има митинг во Гевгелија и средби со граѓани во Дојран, Валандово и Богданци.
Средби со граѓани ќе одржи и ДУИ и тоа во скопските општини Чаир, Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари.
Коалицијата ГРОМ, со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Велес и средби со граѓани во Чашка.
