Финансиска полиција

Кривични пријави за набавка на медицински средства

08.11.2021 13:13

Првопријавениот организациски директор на Клиниката за токсикологија во 2016 година, потикнат од управителот на фирмата, Уни- медикал, спротивно на Законот за јавни набавки, без постапување по за согласност на советот, иако знаел дека клиниката нема потреба за набавка на медицинска опрема, објавил оглас...

Обвинителство за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава против три лица- организацискиот директор на Клиниката за токсикологија, управителот на правното лице Уни-медикал од Скопје, и вработен во Агенцијата за лекови, поради основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување.

Првопријавениот организациски директор на Клиниката за токсикологија во 2016 година, потикнат од управителот на фирмата, Уни- медикал, спротивно на Законот за јавни набавки, без постапување по за согласност на советот, иако знаел дека клиниката нема потреба за набавка на медицинска опрема, објавил оглас во кој дефинирал во еден неделив предмет и технички спецификации, кои упатуваат на конкретно производство, со што ја ограничил конкуренцијата и го фаворизирал посочениот економски оператор Уни-медикал скопје.

Му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од над 3,5 милони денари со што предизвикале штета на буџетот на клиниката, тешка 942.315 денари, се вели во соопштението од Финансиската полиција.

Третопријавената, пак, во својство на службено лице несовесно постапила во издавањето одобрение за увоз на медицинското средство, изготвила и одобрила на производител кој не е регистриран во земјава.