По 20 месеци САД ги отвори границите
Олеснувањето на мерката се однесува за луѓето од Велика Британија, Бразил, Кина, Индија, Ирска, Јужна Африка, Иран, како и за земјите од Шенген - зоната. Патниците возбудени.

По пауза од 20 месеци САД повторно ги отвора копнените и воздушните граници за сите странски патници над 18 години кои ќе прикажат доказ дека се целосно имунизирани против Ковид-19.
„Авиокомпаниите ќе го верификуваат статусот на вакцинација пред поаѓање. За влез во САД ќе бидат прифатени вакцини овластени и одобрени од ФДА и СЗО кои се наведени за итна употреба, или ЕУ вакцини. И покрај примените дози, патниците ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од три дена“, изјави Синди Фридман, шефица во центрите за контрола и превенција на болести.
Олеснувањето на мерката се однесува за луѓето од Велика Британија, Бразил, Кина, Индија, Ирска, Јужна Африка, Иран, како и за земјите од Шенген - зоната. Патниците возбудени.
„Ќе одиме во Њњујорк и Нешвил. Го резервиравме ова патување и моравме да го преместиме неколку пати. Бевме многу среќни кога слушнавме дека границата се отвора на 8-ми.“
„Само сакам да одам на одмор“, велат патници.
Истовремено, и Јапонија ги олеснува ограничувањата при влез во земјата, откако по повеќе од една година, за прв пат нема пријавено смртен случај од Ковид-19. 10-дневниот карантин се намалува на три. Но, и натаму влезот важи исклучиво само за службени патувања.
„Пократкиот карантин ги олеснува службените патувања во странство и ќе помогне за заживување на економијата.“
За олеснување на мерките кон крајот на месецов размислува и Нов Зеланд откако бројот на вакцинирани е во пораст.
„Окленд достигна 90% имунизирани со првата и 80 насто со втората доза вакцини во текот на викендот. И така, додека ги зголемуваме тие стапки, ние го олеснуваме нашето повторно отворање“, изјави Џасинда Ардерн, премиерка на Нов Зеланд.
За разлика од прекуокеанските земји, Европа и регионот и натаму се соочуваат со зголемен број на нови случаи и мала стапка на имунизирани.
Бојана Крстевски
