Од три часот по полноќ РЕК Битола не произведува електрична енергија
Од три часот по полноќ надвор од електроенергетската мрежа е и првиот блок на РЕК Битола кој беше единствениот активен по пожарот во петокот вечерта, што избувна на надворешниот трансформатор на тетиот блок и направи сериозни оштетувања. Овојпат причина е дефект во котелот, односно скината цевка. Од комбинатот велат интензивно се работи и очекуваат доцна попладнето блокот да влезе во погон...

Уште еден турбулентен ден за РЕК Битола и нашиот електроенергетски систем. Од три часот по полноќ комбинатот не произведува електрична енергија. Исклучен од електроенергетската мрежа е и првиот блок кој два дена работеше се полн капацитет и откако пожарот што во петокот пред полноќ избувна на надворешниот дел од тетиот блок направи сериозни оштетувања, и подолго време ќе треба за негово оспособување. Исклучувањето на единствениот активен од тите блокови е поради дефект на котелот, односно скината цевка.
И од она што може да го долови објективот на камерата, може да се види дека во РЕК Битола не чади ниту еден од оџаците. Од таму велат декане постоеше никаква можност дефектот да се санира без да се исклучи постројката.
Ваквите дефекти во комбинатот од секогаш ги имало и биле чести, но овојпат актуелнатава кризна состојба дава поинакви димензии, иако од РЕК Битола велат дека се работи за планско исклучување на блокот еден со цел за санација на скината цевка што се смета за лесен испад на постројката.
Стручни екипи работаат на отстранување на дефектот и како што велат до крајот на денот очекуваат блокот да биде вратен на мрежата. Паралелно се работи на оспособување на вториот блок кој беше во ремонт и за неколку денови и тој да биде дел од електроенергетскиот систем и замена за оштетенит трет блок.
Од АД ЕСМ велат дека потебите се задоволуваат од останатите капацитети како и со набавена електрична енергија како резерва при вакви кратки испади.
Стевче Митревски
