Скопје
Шилегов ѝ ја предаде должноста на Арсовска
08.11.2021 14:45
По средбата изјава даде само Шилегов, кој нагласи дека оставил професионален тим што ќе помогне во работата на новата градоначалничка.

Досегашниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов ѝ ја предаде функцијата на новоизбраната градоначалничка Данела Арсовска. По средбата изјава даде само Шилегов, кој нагласи дека оставил професионален тим што ќе помогне во работата на новата градоначалничка.
„Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа“, рече Шилегов.
Арсовска најави дека деновиве ќе одржи прес конференција за нејзините први потези како градоначалник на Скопје.
