Собрание

Поднесена иницијатива за гласање доверба на Владата

08.11.2021 15:01

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе иницијатива за доверба на Владата. Поддржана е од 61 пратеник, изјави потпретседателот на партијата и пратеник, Александар Николоски...

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе иницијатива за доверба на Владата. Поддржана е од 61 пратеник, изјави потпретседателот на партијата и пратеник, Александар Николоски. Покрај ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, потпис ставен и од Алијанса и Алтернатива, Беса и Левица.

Вкупно 61 пратеник ја потпишаа оваа иницијатива и 61 потпис е доставен до Собранието. Очекуваме Џафери во најбрз можен рок да свика седница на која ќе се гласа доверба на Владата, рече Николоски.

Николоски дополни дека најдоцна до четврток очекува да има повеќе од 61 пратеник,  и информираше дека во тек се интензивни разговори и со уште неколку пратеници во Собранието и очекува дека иницијативата за доверба на Владата ќе ја поддржат повеќе од 61 пратеник.