Расте бројот на активни случаи со Ковид-19 во велешко
Најмладиот пациент згрижен на Инфективното одделение од велешката болница има 17 години. И додека бројот на хоспитализирани пациенти е околу 50 лица, бројот на активни случаи е во пораст...

Во велешка болница се хоспитализираат и пациенти од Свети Николе. Последните седмици постојан е бројот на смртни случаи во велешко, на лица позитивни на Ковид-19. За изминатите три дена има шестмина починати, за година и половина достигна до 232 лице. Според бројот на активни случаи на пациенти со коронавирусот, Велес е при врвот во земјава, после Скопје, Куманово и Прилеп. Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје велат дека зголемениот број на случаи со Ковид-19 во велешко се должи на вирулентноста на вирусот.
Како заштита од ковид пандемијата, претходна седмица аплицирани биле 700 вакцини во пунктот во Здравствениот дом. Поголем интерес има за трета доза, додека далеку помал е за прва и втора доза. Дел од граѓаните без дилема дали треба да се вакцинираат.
Продолжува вакцинацијата и во домашни услови болни, неподвижни или лица со попреченост, со претходна телефонска најава. Екипите излегуваат на терен еднаш или два пати во текот на една работна седмица, во зависност од интересот. Од минатата сабота, пунктот во Здравствен дом, започна со дежурства и во текот на претпладневните часови.
Петар Печков
