Поднесена иницијатива за гласање доверба на Владата, пратеникот Реџепи го повлекува потписот поради Левица
ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата. Пратеникот Скендер Реџепи вели дека го повлекува потписот поради Левица...

Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица, вели пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд кој го повтори ставот дека се залага за уривање на власта, но не по секоја цена и затоа го повлекува потписот, сѐ додека на истиот документ се потпишани и од партијата Левица.
„Договорот ни беше како коалициони партнери дека во овој список ќе бидат Алијанса, Алтернатива, ЛДП, Беса и ВМРО-ДПМНЕ. Ние потпишавме втори, после ВМРО-ДПМНЕ, а после не знам кој потпишувал. Потоа видов дека е и Левица и реков додека мојот потпис го поблекувам се додека стои нивниот“, изјави Реџепи- Зејд.
Од ВМРО-ДПМНЕ со став дека Реџепи е чесен и добар политичар и со јасен став дека ќе гласа за недоверба на владата на Заев.
„Ја цениме работата на Скендер Реџепи, сметаме дека станува збор на чесен човек и наш пријател. Неговата изјава беше јасна и мислам дека не треба да се вади од контекст, а тоа е дека тој ќе поддржи недоверба на владата“, нагласи Александар Николоски, потпретседател и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села смета дека ставот на Реџепи-Зејд не мора да значи дека е пропаднато новото парламентарно мнозинство.
„Никој не кажа дека ќе се повлече. Не е изманипулиран бидејќи не е малолетен. Се потпишал на списокот“, вели Села.
Пратеникот на ДУИ – Арбен Зибери тврди дека не само Реџепи, туку целата пратеничка група на Алтернатива била изманипулирана.
„Не вервувам дека зборува само за себе бидејќи тие имаат политичка партија, имаат четири пратеници. Тој кажа дека во потписите што ги собрале им било кажано дека не се вклуичени Левица“, изјави претникот од ДУИ, Арбен Зибери.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Реџепи е чесен и добар политичар и е со јасен ставе дека ќе гласа за недоверба на Владата предводена од Заев.
Марина Стојанова Тонева
