Претприемништво

Бизнисите да се приспособат на пандемијата за да се развиваат

08.11.2021 15:41

Бизнисите треба да се приспособат на пандемијата ако сакаат да се развиваат и напредуваат. Компаниите да се однесуваат одговорно – во глобална недела на претприемништвото оценуваат менаџерите. За првпат поддржани се иновации и старт ап компании во земјоделството…

Бизнисите да се приспособат на пандемијата за да напредуваат, компаниите да се однесуваат одговорно, порака на Глобалната недела на претприемништвото. Жените да се вклучат во бизнисите и на раководните места. Дигитализацијата  и соработка  во светот важна за растот на економиите.

Од Фондот за иновации и технолошки развој  велат дека за првпат во земјава беа поддржани  иновации и старт ап компании во земјоделството, социјални медиуми. Следната година се предвидува отворање на Ипард фонд.

На глобалната недела на претприемништвото беше посочено дека потребна е  поголема транспарентност при владините одлуки, со цел  градење на подобра економска иднина.

 

Дијана Ценевска