Македонија

Владата ќе ја одржи 118-та редовна седница

09.11.2021 09:29

На седницата на дневен ред, меѓу другото, се повеќе предлог-закони за изменување и дополнување, меѓу кои на Законот за заштита на децата, за социјална заштита и за основното образование, како и одделни извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија...

Владата денеска со почеток во 12 часот ќе ја одржи 118-тата редовна седница, со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата на дневен ред, меѓу другото, се повеќе предлог-закони за изменување и дополнување, меѓу кои на Законот за заштита на децата, за социјална заштита и за основното образование, како и одделни извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето, соопштуваат од владината прес- служба.