Здравство

Активни 7.856 ковид- случаи во земјава, речиси половината од нив се во Скопје

09.11.2021 09:39

Од почетокот на епидемијата кај нас, ковид-дијагностицирани се 206.233, а оздравени се 191.132 пациенти. Вкупниот број починати како последица на Ковид-19 достигна 7.242.

Активни случаи на коронавирус во земјава има 7.859, меѓу кои се и новодијагностицираните 156 во вчерашната статистика. Речиси половина од вкупниот број активни, односно 3.691, се во Скопје. Трицифрени бројки има во 13 општини, а две од нив имаат над 400: Битола – 484 и Куманово – 406.

Од почетокот на епидемијата кај нас, ковид-дијагностицирани се 206.233, а оздравени се 191.132 пациенти. Вкупниот број починати како последица на Ковид-19 достигна 7.242.

Министерството за здравство вчера соопшти дека опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози се опфатени 46 отсто од граѓаните над 18 години.

Во однос на аплицирањето вакцини на целата популација, вакцинирани се 39 отсто, а две дози вакцина примиле 37 отсто од популацијата. Трета доза вакцина примиле 43.376 граѓани.