Партии
Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ќе расправаат за актуелните политички случувања
09.11.2021 09:43
Според статутот на СДСМ, Централниот одбор е тој што распишува вонредни избори за претседател, во случај актуелниот да си поднесе оставка.
Попладне ќе заседаваат извршниот и централниот одбор на СДСМ. Сепак, од партијата не откриваат детали дали ќе биде разгледана оставката на лидерот Заев, освен информацијата дека на дневен ред на највисоките партиски тела ќе биде актуелната политичка ситуација.
Според статутот на СДСМ, Централниот одбор е тој што распишува вонредни избори за претседател, во случај актуелниот да си поднесе оставка.
Откако лидерот Заев најави повлекување и целото раководство е во оставка.
