Локални избори

Сејди и официјално е новиот градоначалник на Желино, Управниот суд ја прифати тужбата на Беса

09.11.2021 09:48

Од партијата засега молк дали и по одлуката на Управниот суд остануваат на ставот да гласаат за недоверба на владата на Заев.

Кандидатот на Беса, Блерим Сејди и официјално е новиот градоначалник на Желино. Управниот суд ја прифати тужбата на Беса за одлуката на ДИК за прегласување на едно избирачко место, по жалбата на ДУИ.

Токму оваа одлука беше повод пратениците на Беса да се потпишат на иницијативата  за гласање доверба на Владата, кадешто формално сѐ уште партиципираат со Аријанит Хоџа како министер за земјоделство.

Генералниот секретар на Беса минатата недела изјави дека со приговорот за гласањето во Желино, ДУИ им забиле нож во грбот. Од партијата засега молк дали и по одлуката на Управниот суд остануваат на ставот да гласаат за недоверба на владата на Заев.