Економија

Народната банка ќе ги презентира најновите макроекономски проекции

09.11.2021 10:21

По падот на БДП од 4,5 насто лани, оваа година се предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9 проценти, односно проекцијата за растот останува непроменета во однос на октомври...

Народната банка ќе ги објави најновите макроекономски проекции. Нивното презентирање пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции е традиционална практика.

Макроекономските проекции од најновиот квартален извештај на централната банка ќе ги презентира гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. По падот на БДП од 4,5 насто лани, оваа година се предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9 проценти, односно проекцијата за растот останува непроменета во однос на октомври.

На среден рок централната банка предвидува натамошно закрепнување, со стапки на раст од 3,9 и 4 проценти во 2022 и 2023 година. Со оваа динамика на раст, македонската економија би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година, исто како во октомвриските проекции, велат од Народната банка.